Бесплатна библиотека за мали фирми
Слушна дека треба да користиш AI во бизнисот, но не знаеш како?
Денеска ќе најдеш што AI може да реши во твојот бизнис, и како.
100% бесплатно. Без реклами. Одјава се со еден клик.
20примери
12алатки
14категории
Како се користи
- 01
Одберете пример
Пребарајте по област или алатка, или отворете што е ново.
- 02
Видете што излегло
Што направиле, каков бил резултатот и на што да внимавате.
- 03
Пробајте кај вас
Копирајте го промптот и прилагодете го на вашата работа.
Алатки што ги покриваме
- Claude
- ChatGPT
- OpenAI
- GPT-4
- Grok Bot
- n8n
- Claude Code
- Claude Cowork
- САСопствен агент
- MMMeta Muse
- OCOpenClaw
- VAVerba AI
Категорија
Алатка
Нема таков пример. Пробајте друг збор или исчистете го изборот.
Е-трговија01новоОнлајн продавница одговара на „Каде ми е пратката?“ додека сопственикот спие
Агент ги чита пораките од купувачите, ја наоѓа вистинската нарачка во Shopify и го решава прашањето преку ноќ.
- САСопствен агент
x.com
Е-трговија02новоЕдна табела неделно – агентот сам ги ажурира цените, залихата и описите во продавницата
Сопственикот праќа неделна табела со залиха, а агентот ги менува цените, ги трга продадените производи и пишува нови описи.
- САСопствен агент
x.com
Маркетинг03новоПродавница за чевли ги среди автоматските е-пошти со AI-помошник
Meta Muse ги прегледа автоматските пораки во Klaviyo, ги избриша дупликатите, ги обнови шаблоните и го вклучи следењето на продажбата.
- MMMeta Muse
x.com
Набавки04новоАгент собра понуди од добавувачи по е-пошта
OpenClaw ги пронајде локалните добавувачи на стакло за туш-кабина, им пиша и ги собра одговорите на едно место.
- OCOpenClaw
x.com
Корисничка поддршка05од тукаМакедонски стартап сака AI да презема до 90% од рутинските пораки на Viber, Facebook и Instagram
Verba AI ги собира сите канали за пораки на едно место, а AI го одговара првиот слој прашања.
- VAVerba AI
trn.mk
Услуги и занаети06Фирма за домашни услуги: секој повик сумиран, а нови клиенти пронајдени на интернет
Grok Bot ги слуша повиците и праќа резиме во Slack, а секој ден бара луѓе што бараат мајстор во локалниот форум.
- Grok Bot
x.com
Е-трговија07Утринска проверка на продавницата: задоцнети нарачки и залиха без рачно барање
Claude, поврзан со продавницата, ги наоѓа задоцнетите нарачки, пратките што стојат и производите што се при крај.
- Claude
reddit.com
Корисничка поддршка08WhatsApp-бот одговара од базата на знаење, а тешките прашања ги префрла на човек
n8n и OpenAI одговараат на рутинските прашања, а кога не се сигурни, разговорот оди кај тимот на Telegram.
- n8n
- OpenAI
github.com
Корисничка поддршка09Од адресата на веб-страницата до агент што одговара и закажува термини
Платформа ја чита веб-страницата на бизнисот и за околу една минута прави агент за сајтот и WhatsApp што закажува во Google Calendar.
- САСопствен агент
reddit.com
Продажба10Сите барања од клиенти на едно место, а сопственикот одговара од Telegram
n8n ги собира барањата од е-пошта и формулар и прави задачи, а AI ги праќа одговорите што сопственикот ги кажува во Telegram.
- n8n
- OpenAI
x.com
Ресторани и угостителство11Ресторан со Claude ја прераспореди кујната и побрзо ги испраќа јадењата
Сопственикот му ги даде на Claude фотографиите од кујната и менито, а еден од предлозите го скрати времето за подготовка за 30%.
- Claude
bostonglobe.com
Вработување (HR)12Мала фирма прегледа 73 пријави за работа за 45 минути наместо за 6 часа
n8n и Claude ги оценуваат биографиите по пет критериуми и ги редат во табела, а сопственикот ги чита само најдобрите.
- n8n
- Claude
hammadmajeed.com
Маркетинг13Од фотографии на производ до прв нацрт на видео-реклама
Агент пишува сценарио, прави кадри и додава глас, а вие ја поправате само сцената што не чини.
- САСопствен агент
reddit.com
Закажување и здравство14Гласовен асистент за стоматолошка ординација закажува, поместува и откажува термини
n8n со ElevenLabs и Vapi одговара на повиците, а итните случаи ги праќа кај докторот на Telegram.
- n8n
reddit.com
Недвижности15Агенција за недвижности: бот ги распрашува купувачите и закажува разгледувања
Бот на Telegram прибира буџет и желби, предлага огласи со слики и закажува термин во календарот.
- САСопствен агент
x.com
Правни работи16Бесплатна вештина за Claude Code ги проверува договорите клаузула по клаузула
Отворена „вештина“ ги прегледува договорите за доверливост, договорите за софтвер, условите на добавувачите и трговските договори.
- Claude Code
reddit.com
Сметководство и финансии17Изводот од банка и фактурите се усогласуваат сами – цело попладне заштедено секој месец
Claude Cowork ги спари трансакциите со фактурите, ги означи оние што недостасуваат и направи уредна табела во Excel.
- Claude Cowork
aiblewmymind.substack.com
Ресторани и угостителство18Мал ресторан одговара на секоја рецензија за помалку од 4 часа и ја следи заработката по јадење
Сопственик на домашен тајландски ресторан со ChatGPT пишува одговори на рецензии, пресметува маржа по јадење и прави план за објави.
- ChatGPT
academy.openai.com
Маркетинг и агенции19Агент ги анализира рекламите на конкуренцијата и прави нови во стилот на брендот
Агент изграден на Claude Agent SDK ги наоѓа конкурентите, ги проучува нивните реклами и пакува извештај со нови креативи.
- Claude
x.com
Хотели и туризам20од тукаХотели во Бугарија со AI-асистент што проверува слободни соби во живо
Grand Assistant е поврзан со хотелскиот систем за резервации и им одговара на гостите на три хотели во секое време.
- n8n
- GPT-4
digitalagent.bgбез датум
Нови примери
Бесплатно. Една порака кога ќе додадеме нешто корисно. Без реклами.





